Често поставувани прашања (ЧПП)

Која е целта на студијата KONFIDENT?
Целта на студијата KONFIDENT е да се разберат ефектите од испитуваниот орален лек наречен KVD900. Ќе се проучуваат две различни дози за да се види која од нив може да биде најдобра како безбеден лек на барање за напади на HAE.
Кој може да учествува во студијата KONFIDENT?
Студијата KONFIDENT е наменета за адолесценти и возрасни (12 години и постари) со потврдена дијагноза на HAE тип I или тип II.
Колку трае студијата KONFIDENT?
Ќе бидете во студијата приближно 25 недели со 6 посети или телепосети за здравствени проверки и тестови. Оваа студија е поделена на период на скрининг (до 4 недели), период на третман (третман на 3 подобни напади на HAE со телепосети по секој напад) и последна студиска посета.
Што ќе се очекува од мене за време на студијата?
Од вас ќе се очекува да присуствувате на сите студиски посети (преку телефон или видеоразговор), да дадете информации за вашите напади на HAE во електронскиот дневник и да го земате студискиот лек според упатствата за напади кои ги исполнуваат условите. Од вас ќе се очекува да се јавите за да добиете информации за упатствата за дозирање. Доколку сте избрани да учествувате, студискиот персонал ќе ви обезбеди повеќе информации за тоа што треба да правите за време на студијата.
Каков третман ќе добијам за време на студијата?
Секој учесник ќе добие доволно студиски лекови за третирање на 3 одделни напади на HAE кои ги исполнуваат условите, вклучувајќи 2 различни дози на KVD900 и плацебо. Плацебото изгледа како KVD900, но нема лекови во него.
Како се зема студискиот лек?
Студискиот лек е таблета што ја земате преку уста. За секој напад на HAE што ги исполнува условите, ќе го земате лекот според упатствата што е можно поскоро по почетокот на нападот.
Какви тестови ќе имам за време на студијата?
При студиските посети, ќе имате тестови и здравствени проверки, вклучувајќи тестови на крвта, електрокардиограм (ЕКГ) за мерење на електричната активност на срцето и физички преглед. Исто така, ќе ви бидат измерени вашите витални знаци, кои вклучуваат пулс, стапка на дишење и крвен притисок.
Кои информации ќе треба да ги внесам во електронскиот дневник?
Ќе користите електронски дневник за да одговорите на прашања за вашите напади на HAE и како се чувствувате. Дневникот ќе потврди дали можете да го користите студискиот лек за третирање на вашиот напад или дали треба да го користите вашиот лек на барање. Исто така, ќе ги оцените вашите симптоми и сериозноста на секој напад пред и по третманот со лекот од студијата.
Кои се придобивките од учеството во студија за клиничко истражување?
Може, но не мора да имате директна придобивка од учеството во клиничка студија. Меѓутоа, информациите собрани за време на студијата KONFIDENT може да им помогнат на лекарите да дознаат повеќе за KVD900 и HAE, што може да им помогне на други кои ќе имаат HAE во иднина.
Дали треба да платам трошоци за студијата?
Учеството во оваа студија нема да ве чини ништо. Можеби ќе можете да добиете надомест за вашите патни трошоци до и од локацијата на студијата.

За да дознаете повеќе за студијата KONFIDENT и за да пронајдете локација на студијата во ваша близина, јавете се на 80005648, PIN 54478.

© 2022 Jumo Health, Inc. All rights reserved.
KalVista Pharmaceuticals Inc
chevron-down